Пред три дена Бранко Црвенковски одржа прес конференција во која се огради од Велија Рамковски и порача дека маршот кој во овој момент се одвива не е за Велија и штитење на криминалот, дека овој марш не е за СДСМ туку дека „Овој марш е за вас (односно нас) и заради вас. Заради вашето достоинство, вашата слобода, вашето право на подобар живот, заради вашата иднина“.
Бранко беше човекот кој 15 години на еден или друг начин беше вклучен директно во власта во оваа држава и видовме до каде ја донесе! И во 2002 година Бранко ја спасуваше Македонија од ВМРО-ДПМНЕ. Во тоа време се сеќавам, имаше една реклама која навистина изгледаше патриотски па дури и да се каже конзервативно. На својот митинг во таа 2002 година Бранко се фалеше со рекламата и велеше дека со неа доследно се презентира партијата, бидејќи „СДСМ е патриотска партија“! Така велеше тој, а народот поверува. Велеше дека овој пат ја научиле лекцијата, научиле од грешките и нема да ги повторат, но се покажа дека во тие четири години СДСМ направи поголема катаклизма него во претходните осум од своето владеење!!!
Денес Бранко повторно ја бара довербата на народот за да ја донесел СДСМ на власт бидејќи, како што на своето вчерашно интервју на А1 телевизија изјави, тој неморал да биде дел од следната влада на СДСМ, но СДСМ не може без него да дојде на власт?!
Дали е Бранко свесен дека тој е кочничарот на СДСМ? Дали е толку суетен да неможе да види дека на СДСМ треба да му се случи тоа што на ВМРО-ДПМНЕ му се случи во 2004 година?!
Бранко е истрошен политичар и мене ми е навистина мило што тој е сеуште на чело на СДСМ бидејќи, фала му на Бога овој народ памети што се Бранко има направено и сум убеден дека нема да добие трета шанса! Од друга страна пак колку Бранко помага во одржувањето на мојата партија, ВМРО-ДПМНЕ на власт, толку СДСМ е слаб коректор на власта, што и баш не ми се допаѓа!
На Македонија и треба силна опозиција, силна но демократска, а СДСМ на чело со Бранко не е тоа!
За крај, дали овој марш е навистина за нас? Мислам не!
No comments:
Post a Comment