14 March 2016

Македонија во Третата Светска Војна?!

Не, не е грешка, не е историски текст туку анализа на се што ни се случува во изминатава година!
Се започна со фамозните „бомби“ на црпнатиот од Муртино самопрогласен иден лидер на овој напатен народ, ако може да се нарече лидер на СДСМ, Зоран Заев. Јас на 11 Мај минатата година го напишав текстот со наслов „Каде со тој памет“ во кој наведов дека главната причина за се, ама буквално се што ни се случува е т.н. Турски ток! Вртењето на грб на САД односно на тие чии интереси САД ги застапува (а ќе ги наведам подоле во овој текст) очигледно скапо ги чини сите оние лидери кои се согласија на овој проект и се приклонија кон Русија и Путин! Ердоган, Ципрас, Груевски, Вучиќ, Орбан! Сите овие лидери на земјите низ кои требаше да поминува рускиот гасовод се соочуваат со силни потреси од опозицијата која по правило е финансирана од Џорџ Сорос!
Македонија е најголемата жртва на оваа асиметрична војна, за која мислам дека полека но сигурно го отвора фронтот на Третата Светска Војна!
За текст со ваква или слична содржина се мислев да напишам веќе неколку месеци, ама викам ајде, луѓево имаат очи и уши, а се надевам и здрав разум, па нема потреба некој да им „џвака“, ама изгледа очите и ушите служат само за турски серии и ѕвезде гранда, па ај јас, сам човек колку може да се потруди...
Фондацијта СОРОС е најголемиот спонзор на сите т.н. „либерални“ движења во светот!
Имено, истиот Сорос е спонзор на напаѓачите кои пред неколку дена во Чикаго ги нападнаа поддржувачите на претседателскиот кандидат на Републиканската партија на САД, Доналд Трамп. ЛИНК за да се уверите! Зошто?! Затоа што Трамп не е дел од нив! ЛИНК да се уверите! Трамп не е дел од Масоните, Илуминатите, Вавилонското братство... не учествувал во нивните ритуали, се наоѓа на иста линија со Владимир Путин и е во кавга со Папата за тоа кој е поголем Христијанин! Епа јас повеќе му верувам на Трамп! ЕВЕ ЗОШТО!!! Папата ја бакнува раката на Рокфелер?!!!
Може се Ви изгледа како една голема болна теорија на заговор! Епа тоа и е!!!
Што ако Ви кажам дека Хитлер бил британски агент! Неверојатно?! Видете кој се му бил спонзор! Рокфелер, Ротшилд, Сорос... Еве Ви ЛИНК па видете кои се 12 најмоќни (под сликата од десна страна стојат нивните имиња)!
Да се вратиме кај нас. Истите овие светски властодршци ни го испратија во нашата напатена мила Македонија нивниот пулен Ван Хојте! За да сфатите за колку болна личност се работи доволно е да го погледнете неговиот твитер профил на неколку минути! Не ми е јасно само какви се тоа луѓе што му се восхитуваат, како Саше Ивановски ПОЛИТИКО на пример кој јавно си пиша дека сакал да му го испуши! Тоа е таа сервилност!
Низ земјите низ кои требаше да протече рускиот гас изминатава година протекоа милиони „бегалци“! Зошто не преку Бугарија и Романија, или пак преку Албанија, Црна Гора, Хрватска, Словенија...?!
Дали мислите дека Црпнатиот е толку моќен за да го направи целото сценарио со „бомбите“? Па тој вегетира 10 години а неговото богатство во тој период е триплирано!
Македонија е во војна, Вие изберете на која страна ќе застанете, јас сум на МАКЕДОНСКАТА!

1 comment:


  1. Hi, yeah this piece of writing is really fastidious and I have learned lot of things from it on the topic of blogging. thanks. itunes store login

    ReplyDelete