Showing posts with label zabelski manastir. Show all posts
Showing posts with label zabelski manastir. Show all posts

19 July 2026

Mакедонскиот дух не трпи празни олтари - Забел, крик од урнатините на нашата историја


Секој камен на оваа наша македонска земја крие по една приказна, но некои камења кријат цели векови достоинство, писменост и духовен пркос. Едно такво место, скриено во пазувите на Козјачијата, на тромеѓето меѓу Никуљане, Старо Нагоричане и Челопек, е Забелскиот манастир. Место каде што моите предци, но и предците на многумина од нас, наоѓале прибежиште и молитва.

Зборот „Забел“ во нашиот јазик означува густа, заштитена и света шума. Ова место со векови било токму тоа — природен и духовен резерват. Неговата историја не започнува вчера. Неговите корени датираат уште од далечната 1330 година, во ерата на големиот средновековен градителски расцут на Жеглиговскиот крај. Како и судбината на нашиот народ, така и судбината на Забел била маченичка. Манастирот бил пален, уриван до темел и со векови оставан во тишина под османлиското владеење.