20 November 2025

Геополитичка 2025: свет што официјално полуде

Во 2025 конечно стана јасно дека светот не оди во хаос — туку одамна е таму. Само сега сите престанаа да глумат дека постои ред. Големите сили си играат државна покер-партија без правила, а малите седат на масата и ги држат жетоните за првите.

1. САД: полициски час во сопствениот двор

Америка и натаму е најсилниот играч, но ова е првпат да не личи на себе.

Нешто како стар шампион кој сè уште има мускули, но нема кондиција.

Вашингтон се расправа сам со себе, а во меѓувреме се обидува да глуми глобален шериф на кој не му се слуша гласот како порано.

Слоганот за 2025 би бил: „Сè уште сме најсилни, ама дајте ни пет минути да се собереме!“


2. Кина: осмелена тишина

Кина не крши маси, не вика, не удира со чевли како Хрушчов.

Таа прави нешто многу пострашно: чека!

Чека светот сам да се смота, па да влезе таму каде што има простор.

Западот вика дека кинеската економија се забавува. Пекинг само клима со глава, го удвојува влијанието во Африка, ги врзува азиските соседи со трговија и полека, многу полека, го преобликува планетарниот пазар по своја мерка.

Ова не е „кинески век“. Ова е „кинеска метода“.


3. Русија: држава што ја претвори изолацијата во ресурс

Западот ја казни Русија — Русија се навикна!

И не само тоа — ја претвори казната во стратегија.

Стана јасно дека економските санкции имаат рок на траење како јогурт: ако не успеат веднаш, подоцна веќе не прават ништо.

Москва го преживеа шокот и се префрли на азиско дишење.

И во 2025 продолжува да игра игра во која никогаш не признава пораз, дури ни кога му се гледа. Тоа е нејзината најсилна и најопасна дипломатска алатка.4. 

04 July 2022

НЕ за францускиот предлог!

Бугарија не го спори постоењето на Македонска нација ниту на Македонска држава, впрочем таа и прва ја призна независноста на Македонија!

Бугарија го спори постоењето на Македонскиот НАРОД како конститутивен елемент во Македонската нација, како и неговата посебност каде и тој да живее во светот тврдејќи дека истите се бугари!

Со тоа ја спори и засебноста на Македонскиот јазик, сведувајќи го на бугарски дијалект!

Доколку сега го прифатиме т.н. француски предлог ќе се доведеме во состојба да во текот на преговорите дојде момент кога Бугарија ќе побара Македонската нација да се дефинира во македонскиот Устав како нација составена од бугари, срби, албанци, турци, роми, власи, црногорци, хрвати... се освен МАКЕДОНЦИ!

Со тоа како и сега, сите ќе бидеме Македонци по нација, но етнички бугари (или нешто друго)!

Поедноставно од ова не можам!!!

18 December 2020

Дипломатските грешки на северна Македонија во евроинтеграцискиот процес

Чекав малку да спласне еуфоријата и разочарувањата од т.н. „тешка геостратешка грешка“ со ветото кое Бугарија го стави на процесот за започнување на преговорите на северна Македонија (не нашата земја) и да го изнесам своето скромно видување на процесот и случувањата кои претходеа за да дојдеме до тука!

Ќе го поделам овој текст во три дела за да поедноставно дојдам до поентата!


ДЕЛ I - Хронологија на настаните

Најпрво би сакал хронолошки да започнам со случувањата по ред од формирањето на владата од страна на Зоран Заев на 31 мај 2017тата.

Прв чекор во целиот хаос во затворањето на „македонското прашање“ како главна цел на Заев, а со цел зачленување на Македонија во НАТО и започнување на преговорите со Европската Унија беше потпишувањето на т.н. „Договор за добрососедство“ помеѓу Македонија и Бугарија на 1 ви август 2017тата од страна на Заев и Борисов. На потпишувањето на овој договор му претходеа повеќегодишни преговори помеѓу двете земји кои ги имаше започнато владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски, но бидејќи двете страни не отстапуваа од своите ставови околу ревизијата на историските факти, неговото потпишување и ратификација остана да чека „подобри времиња“. И дојде тоа време и се најде „јунакот“ кој ќе го потпише од „македонска“ страна. Заев „го удри парафот“, но како што деновиве ги гледам неговите реакции, мислам дека човекот го нема ниту прочитано, или пак го прочитал ама не го разбрал (што е полошо)!

По ова следеше потпишувањето на т.н. „Преспански договор“ на 17ти јуни 2018та во селото Нивици на брегот на Преспанското езеро од страна на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Заев очигледно не сфати какви обврски наметнува на Македонија со потпишување на договорите, па мислеше дека се ќе заврши со „простата насилна операција“ за преименување на државата во северна Македонија!

16 March 2020

Светот по првата пандемија на CoVid-19

Оваа година ја започнавме со информација на вестите за „некаква си болест“ во еден „не толку голем и битен“ кинески град, Вухан, град со скоро 9 милиони жители, главен град на кинеската провинција Хубеј. И додека пред нецели три месеци сето ова ни изгледаше како нешто многу далечно и целосно безопасно за нас, веќе неколку дена таа болест е наша реалност.
Болеста од типот на корона вируси која го доби името CoVid 19 (Ковид 19) од локален кинески проблем многу брзо прерасна во пандемија и стана светски проблем. CoVid 19 преку Италија со молскавична брзина се шири низ цела Европа.